Сите ние имаме нешто заедничко: сите сакаме да сме попривлечни. За да ја зголемите вашата привлечност, следете ги овие совети и ќе се изненадите колку магично успеваат.
1. Насмевнувајте се
Имајте насмевка на вашето лице. Кога се насмевнувате, изгледате повеќе пријателски расположени и подостапни. Луѓето се чувстуваат удобно во општењето со вас. Како и да се чувствувате одвнатре, насмевнувајте се!
2. Влакната на лицето
Одржувајте ги влакната на лицето. Мажите треба редовно да се бричат. Доколку сакаат да носат брада, таа треба да биде чиста и уредна. Жените треба редовно да си ги обликуваат веѓите.
3. Косата да ви биде тип-топ
Вашата коса е вашата круна! Затоа грижете се за неа. Убавиот изглед е првиот чекор да привлечете нечие внимание. Редовно потстрижувајте се бидејќи е важно вашата коса да биде здрава. Редовната хигиена е исто така од исклучително значење.
4. Носете соодветна облека
Вашата облека е многу важна. На луѓето им се допаѓа кога некој се облекува соодветно. Па така, поведете сметка за тоа како сте облечени. Купувајте облека која ви е точна. Преголемата или претесна облека прави да изгледате чудно.
5. Одржувајте соодветен контакт со погледот
Да одржувате контакт со очите на личноста со која разговарате е од исклучително значење. Доколку го правите тоа, соговорникот се чувствува важно и среќно. Некои луѓе се срамат да гледаат во очи. Ова не е голем проблем и лесно се учи. Започнете со тие кои ви се блиски и обидувајте се да не го тргате погледот засрамено. Но треба да внимавате и да не отидете во спротивната крајност, па да зјапате и да почнете да ги плашите луѓето.
6. Чекорете со самодоверба
Имајте самодоверба кога чекорите. Дали знаете како се прави тоа? Телото нека ви биде опуштено, а не стегнато и погледот и главата држете ги исправено – тоа ќе ви помогне да изгледате како да сте полни со самодоверба. Ова претставува еден од клучните моменти во привлечноста.
7. Мирисајте убаво
Никој не сака да е во близина на некој кој мириса лошо. Затоа внимавајте на овој факт. Туширајте се секој ден и редовно употребувајте дезодоранс. Соодветно четкајте ги вашите заби, а ако е потребно, земајте и соодветни лекарства да се ослободите од лошиот здив.
8. Опуштете се
Дали цело време сте стегнати постојано мислејќи на тоа што другите мислат за вас? Ако е така, потрудете се да се одвикнете од оваа лоша навика. Бидете сигурни во себе и отворете се кон другите. Нервозата не му се допаѓа на никого.
9. Смејте се и правете и другите да се смејат
Се вела дека смеата е најдобар лек. Кога се смеете, луѓето околу вас се чувствуваат удобно и среќно. Смеењето прави да изгледате привлечно.
10. Говорот на телото
Вашиот говор на телото е многу важен. Ако изгледате зафатено и незаинтерисирано, луѓето ќе ве избегнуват. Ќе мислат дека не сакате да ве вознемируваат. Но ако сте отворени и опуштени, луѓето полесно ќе ви пристапуваат.
11. Прашувајте
Не зборувајте цело време само за вас. Кога зборувате со некого, поставувајте прашања. Но не прашувајте нешто несоодветно. Кога прашувате, луѓето мислат дека сте заинтересирани да дознаете повеќе за нив и се чувствуваат важно.
12. Носете светли бои
Носете разнобојна облека, но внимавајте бојата да одговара на вашето лице, како и на амбиентот и атмосферата на местото кадешто одите. Вообичаено облеката со светла боја ги привлекува луѓето, а исто така изгледате како да сте посигурни во себе.