95-годишниот Џо Периконе од Флорида и 85-годишниот и Бил Вилијам Арнолд Кредок од Тенеси, станаа матуранти и присуствуваа на свечена церемонија каде им беа доделени дипломите.
Џо си го остварил сонот по 76 години, бидејќи не успеал да матурира затоа што бил повикан да оди во војна, во февруари 1943 година. Додека Џо учествувал во Втората Светска војна, Бил учествувал во Корејската војна.
Иако и двајцата ветерани го извршувале истиот чин во ист момент тие не се наоѓале во исти градови. Џо ја примил својата диплома во средно училиште во Тампа, а Бил во Јонсон Сити, Тенеси.
И Бил и Џо биле придружувани од најблиските членови на семејството. Бил изјавил: „Кога ги видов сите овие луѓе…тие направија да се чувствувам добро.“
Кога го прашале дали имал совет за колегите матуранти Бил одговорил: „Би ѝ кажал на оваа генерација да учи многу и да бидат добри. Да научат сѐ што можат и да го добијат најдоброто можно образование.“