Понекогаш како возрасни стануваме заглавени во работата, сметките и грижата за семејството што забораваме на забавата и играта. Секој од нас во еден момент посакал да се врати во детството и повторно да ги доживее моментите од лизгањето на лизгалка и лулањето на лулашките.
Сепак некои од нас се одлучуваат истото да го направат и сега, по „стари“ години, но за жал на некои не им успева.