Инструкторка по Јога која беше чудесно спасена откако исчезна во шумата во Хаваи пред повеќе од две недели, сподели дека често морала да избира помеѓу животот и смртта за да преживее.

35-годишната Аманда Елер додека е во болнички кревет ја раскажува својата приказна за „пеколното“ патување.

„Последните 17 дена од мојот живот беа најтешки денови од мојот живот. Тоа беше навистина значајно духовно патување на кое бев водена и имаше моменти на тотален страв и загуба и сакав да се откажам, а тоа се сведе на живот и смрт, и морав да изберам. Избрав живот. Јас решив да не си заминам на полесниот начин, иако тоа значеше повеќе болка и страдање за мене.“, вели Аманда.

Екипите за спасување ја забележале по две недели откако исчезнала, на 8-ми мај, како им мавта до поток. Таа тргнала да пешачи на патеката Макао во Мауи и на крајот била пронајдена на само 6км од каде што го оставила автомобилот. Аманда исто така мобилниот телефон го заборавила дома.

„Сакав да се вратам по патот по кој дојдов, но претчуството ме водеше по друг пат, а имам многу добар инстинкт. Затоа си кажав автомобилот ми е на оваа страна и ќе продолжам да одам додека не дојдам до него. Слушав глас кој ми велеше ‘ако сакаш да живееш продолжи’. Цело време одев подлабоко во џунглата, иако мислев дека се враќам назад. Бев толку слаба што се сомневав дека ќе преживеам.“, вели Аманда.

Аманда се здобила со изгореници од сонце, ја скршила ногата откако паднала од 6 метри на третиот ден и ги изгубила патиките за време на поплава во џунглата. Таа преживеала така што спиела во поранешно дувло на диви свињи и јадела молци.

Сподели на Facebook
пати видено