Невин човек бил ослободен од убиство на 14-годишно девојче откако поминал 33 години во затвор. Кит Буш имал 17 години кога бил обвинет за убиство на 14-годишната Шерез Вотсон во Белпорт, Њујорк, пред 44 години. Во текот на неколку децении сега 62-годишниот човек, непопустливо тврдел дека тој не го извршил убиството.
Вината од името на Кит беше симната на 22 мај во Судскиот окружен суд во Лонг Ајленд, и покрај тоа што бил пуштен од затвор во 2008 година. Шерез Вотсон била убиена во 1975 година. Според извештаите девојката била претепана и сексуално злоупотребувана.
Кит бил уапсен 4 дена по убиството и потпишал признание за убиство во кое поротниците поверувале. Сепак, Буш тврди дека полицијата го претепала и го натерала да потпише признание кое никогаш не го ни прочитал. Една личност која присуствувала на забавата на која била и жртвата тврдела дека Буш и жртвата заедно ја напуштиле забавата. Сепак 5 години по убиството истата личност признала дека всушност никогаш не присуствувала на забавата, но слушајот не бил повторно отворен.
Додека бил во затвор Буш побарал помош од адвокат од Правниот факултет Пејс, кој поднел тужба и пронашол докази дека Кит немал фер судење. Иако бил ослободен во 2008 година Буш бил ставен на доживотна условна казна и морал да се регистрира како високоризичен сексуален престапник. Во средата тој конечно беше ослободен.
Адвокатот открил дека во тој период полицијата имала уште еден осомничен за кој имало силни индикации дека е виновникот, но не ја известила одбраната за тоа. Исто така друг цврст доказ бил фактот дека ДНК пронајдена под ноктите на жртвата не се совпаѓала со онаа на Буш.
Вториот осомничен бил Џон Џонс Џуниор, кој сега е починат, кој на полицијата ѝ кажал дека се сопнал во темнината од телото на Шерез бидејќи бил пијан од забавата и дека чешелот пронајден до телото е негов и најверојатно му испаднал.
Буш на судијата кој му соопштил дека повеќе не се смета за убиец и криминалец, му рекол дека е среќен за одлуката бидејќи долго време живеел во болка и никој не сакал да ги ислуша, освен Адел Бернхард, адвокат на кој Буш му пишал во 2006 година.