Девојката долго време беше главна тема на интернет медиумите, де не можела да си најде дечко, де парите не ја правеле среќна, а најново е што стана многу хумана на многу необичен начин.
Сега Џејн си најде ново и многу забавно хоби. Таа почна да ги продава своите топлес фотографии онлајн и приходите ги донира во добротворни цели.
Според девојката, на оние кои сакаат да купат нејзини голи фотографии, едноставно им нема крај. За една фотографија, таа зема 50 фунти. Таа тврди дека апсолутно сите средства кои ги заработува на овој начин, ги префрла на сметките на разни добротворни организации.
„Се чувствувам како Робин Худ, земам пари од побогатите луѓе кои сакаат нешто и им ги давам на посиромашните кои сакаат да јадат“, објасни Џејн на Инстаграм.