12-годишната блогерка, Натанан Санунрат, која има повеќе од еден милион следбеници на социјалните медиуми, реши за роденден да си купи BMW 7 серијата, иако не е доволно висока за да стигне до педалите.
Таа потрошила 170.000 евра од својата заработка да си го купи автомобилот, но сепак не планира никогаш да го вози, затоа што има друг план.
Таа вели дека нејзиниот автомобил е Порше и дека планира да си купи таков автомобил кога ќе наполни 18 години и ќе може да го вози. Блогерката за убавина од Тајланд почнала сама да се шминка кога имала само 4 години и нејзините родители ги објавувале видеата на социјалните мрежи.
Таа дури и учествувала на Лондонската модна недела минатата година. Иако не планира да го вози некогаш автомобилот, таа вели дека ќе им „дозволи“ на мајката Нача и таткото Ронг да го возат скапиот автомобил.