Полицијата трага по Џон Мартин Хил од Атланта, САД. Овој 35-годишен маж се запознал со жена преку страница за запознавање наречена „Match.com“ на 27-ми март и договориле состанок истиот ден.
Тој успеал да ја „убеди“ жената дека е вљубен во неа, а ѝ раскажал и дека е успешен бизнисмен и милионер. Една недела по романсата Џон ја запросил жената.
Таа ја прифатила понудата за брак, а веќе наредната недела тој ѝ предложил да купат куќа заедно. Тие разгледувале домови и тој ѝ кажал дека сака да ѝ купи една скапа вила, за која таа може да даде „само“ 80.000 долари. Жената му поверувала и му ги предала парите, а откако парите биле во негови раце Џон исчезнал.
Хил, исто така, е осомничен за измама на жените во четири други држави, велат властите. Инспекторите дознале дека Хил живеел во стан во Дулут со друга жена и дете. Властите велат дека Хил го променил своето име повеќе од пет пати во изминатите две и пол години и е осомничен за вршење на слични дела во Вирџинија, Делавер, Мериленд и Њу Џерси.