Да, ова е уште една приказна за еден човек кој не падна на колена под депресијата, туку го фати бикот за роговите. Ширапион си бил сосема обичен работник, оженет, проќелав, дебел и скромен. Поради неиздржливата леснотија на постоењето, неговата сопруга поднела барање за развод и го оставила човекот сосема сам. Тој настан наместо да го дотепа, го испровоцирал и решил работата да ја преземе во свои раце. Така нашиот 40 годишен херој решил да започне да вежба.
Ширапион вежбал посветено и упорноста ги дала своите резултати. 40-годишниот Јапонец одлучил да се пријави на натпревар за бодибилдинг во кој освоил награда.
Но, тој дури и не размислувал да застане таму. Сега тој постојано учествува на различни турнири, а неодамна го освои четвртото место во најпопуларниот боди билдинг натпревар во Токио во возрасната категорија по 40 години. Човекот не стана успешен само на спортските натпревари, туку и на социјалните мрежи. Така стана славен и компаниите го ангажираат за разни промоции.
Јасно е дека Ширапион одамна заборавил на минатото како депресивен сопруг. Тој сега има нова девојка, која ја запознал на натпреварите за бодибилдинг и ужива во животот. Со својата приказна, тој сака да ги мотивира оние луѓе кои полека тонат кон дното. На депресијата и неуспехот не треба да им се даде шанса да завладеат со вашиот живот и секогаш треба да се оди напред. Втор и исто така битен совет од Ширапион е ако почнете да оќелавувате, најдобро е да си ја избричите главата, како што направи тој.