Додека градот Рим драматично се променил низ историјата, многу остатоци од важни историски споменици сѐ уште постојат за да нѐ потсетат на славниот Антички Рим. Сепак, постои начин да се види како изгледал најмоќниот град во текот на повеќе од 1000 години во минатото.
Музејот на римската цивилизација го има најимпресивниот модел на градот што некогаш бил создаден. Познат е како „Plastico di Roma Imperiale“, модел од гипс кој го прикажува градот Рим во 4 век од времето на Константин I.
Сложениот модел бил создаден од италијански археолог Итало Гисмонди. Моделот е на скала од 1: 250 и е направен од гипс. Гисмонди почнал да работи на него во 1935 година и му требале повеќе од 35 години за да го заврши. Тоа е повеќе од 3,5 пати повеќе отколку што било потребно за да се изгради Колосеумот. Денес, моделот е познат како еден од најважните референци на Антички Рим.
Моделот го нарачал Мусолини за да го одбележи раѓањето на Август (63 п.н.е.). Изборот за реконструкција на Античкиот Рим од IV век не бил избран случајно. Причината зад тоа е дека градот, за време на Константин (306-337), ја достигнал врвот на големината.
Работата на Гисмонди е толку детално ориентирана што секој дел од моделот совршено се совпаѓа со картата. Огромниот модел, долг повеќе од 200 метри ни дава точна визуелизација на античкиот град. Тој, исто така им овозможува на луѓето да ги тестираат своите знаења за историски знаменитости.