Џејн Кичинг од Англија решила да се пресели во Шпанија, но не ги известила властите за тоа. На нејзината сметка продолжиле да доаѓаат средства од социјална помош, инвалидска помош и додаток за негувател.
Исто така земала и даночен кредит и не ги известила властите на Велика Британија дека нејзините деца всушност ѝ биле одземени од социјалните работници во Шпанија.
Вкупно 53-годишната Џејн украла околу 100.000 евра и истите има рок да ги исплати 958 години, односно до 2977 година. Таа треба да дава 8.75 евра месечно. Врз основа на просечниот животен век од 80 години за жена доколку плаќа до крајот на животот би останале над 95.000 евра неплатени.
Сега кога жената повторно е во Англија таа зема 2.300 евра месечно, а враќа 8.75 евра и регистрирано е дека нема други приходи. Судот изјавил дека таа е регистриран негувател на едно од нејзините малолетни деца. Бидејќи живеела легално во Шпанија на властите од Англија не им е јасно како ни тие не приметиле дека всушност зема пари од Англија.
Џејн добила и 12-месечна казна затвор која е суспендирана за наредните 12 месеци. Судот рекол дека го прави тоа како „чин на милост кон нејзините деца“, за да не ги загрижуваат повеќе.