Некои од нашите омилени бајки со кои пораснавме продолжуваат да ги восхитуваат луѓето ширум светот. Приказната за Пепелашка, на пример, е предмет на италијански опери, руски балети, па дури и јапонски кабуки.
Сепак луѓето од различни држави не можат да се воздржат да додадат нешто ново на приказните и со тоа класичната приказна добива нова, интересна или бизарна страна.
Африканската Снежана завршува така што и самата станува маќеа
Во оваа приказна злобна принцеза родила ќерка за која магичното огледало ѝ кажало дека ќе стане поубава од неа. Таа ја испратила ќерката да живее во шумата, која подоцна била спасена од крадци и потонала во сон откако се избола на магична игла.
Поглавица се заљубил во неа и ја однел во својот дом, каде неговата ќерка мислејќи дека Снежана е кукла ја отстранила иглата и таа се разбудила. Така двете девојки станале пријателки. Поглавицата дознал за злобната мајка, ја казнил, а потоа се оженил со Снежана, со што таа станала маќеа на нејзината најдобра пријателка.
Пепелашка кај Индијанците на крајот се мажи за Сонцето
Злобна маќеа и нејзината ќерка ја малтретираат „Девојката со кокошките“ чија задача е да се грижи за кокошки. Кога доаѓа време за голем бал, девојката не е поканета, но кокошките ѝ изработуваат прекрасен фустан. Тава, бог кој го претставува Сонцето се заљубува во неа, се минува од небото и ја придружува на балот, а потоа и се оженил со девојката.
Во Индија наместо заспана убавица има заспан убавец
Во оваа бајка злобната сопруга на нејзиниот брат ја брка принцезата од дворецо и ѝ кажува дека може да се врати на престолот ако се омажи за „мртвиот крал“ Кралот Сандалвуд. За среча кралот не бил мртов туку затворен во кула, каде што спиел затоа што злобна самовила го заробила неговиот дух во синџирче. Принцезата го краде синџирчето, го спасува кралот, се мажи за него и се враќа дома како победник.
Една ерменска верзија на Златокоса ја претставува како кралица-воин
Крал имал 7 сина и им кажал да не одат кон замокот во шумата. Но тие еден по еден од љубопитност оделе и не се враќале. Останал само најмалиот син. Тој првин се борел со витез за кој подоцна дознал дека е кралица-воин, Зоулвисиа. Тој открил дека таа ги убива мажите така што од балконот испушта крик три пати, но принцот се скрил во пештера и ја надмудрил. Таа го признала поразот и му дозволила да се качи на балконот по нејзината долга златна коса.
Во Јапонија убавицата го измамува ѕверот и станува независна жена
Млада девојка била приморана да се омажи за ѕвер кој изгледа како мајмун. Но, пред да тргне од дома како свадбен подарок побарала тежок сад. Додека била во брак со ѕверот дознала дека нејизниот татко е болен. Таа го убедила да одат заедно за да го види својот татко, но под услов да го земе и тешкиот сад во кој имало ориз. Ѕверот го носел садот, но кога дошле до реката тој паднал и се удавил, а девојчето безбедно стигнало дома кај своите родители.
Во Норвешка Мачорот во чизми е вусшност маѓепсана принцеза
3-ца принцови го делеле наследството откако кралот починал, но најмалиот Петар ја добил само мачката. Мачката била многу итра и успеала да му помогне да го претстави како крал и да му донесе богатства. Но кога еден крал сакал да го посети замокот на младиот „крал“ мачката смислила план, да натераат трол кој живее во замок да излезе на сонце. Така тролот умрел, а Петар станал сопственик на замокот. Кога дошол кралот бил воодушевен од змаокот а мачката се претворила во принцеза која му раскажала дека тролот ја маѓепсал.
Во Шкотска, Малата сирена е половина коњ, но сепак има среќен крај
Во шкотскиот фолклор, келпите се коњски чудовишта кои живеат во езера. Осамен келпи се заљубил во девојка од копното и со магично ланче станал човек. Сепак девојката го препознала, се исплашила и му го извадила ланцето од вратот по што тој се претворил во обичен коњ. Сепак на девојката и станало жал и додека му барале спас, се заљубила во него. Еден волшебник му помогнал повторно да стане човек и да биде заедно со девојката.