Бен Спелер од Англија, обожавател на фудбалот пристигнал во холандскиот град пред натпреварот на Тотенхем против локалниот тим Ајакс минатата недела. Тој решил да си резервира соба преку „Airbnb“ и бил пресреќен кога нашол соба во амстердам за која во описот пишувало дека е „чиста соба во Амстердам со сопствен тоалет.“ Но, Бен прилично се шокирал откако пристигнал на локацијата.
Таму го чекал сив транспортен контејнер со три душеци и пренослив тоалет внатре во Паувенпад, Амстердам. За оваа „соба“ Бен и неговите пријатели платиле по 7.000 денари за ноќ. Тие три пати поминувале со такси покрај контејнерот убедени дека не се работи за таква соба. Сепак подоцна се соочиле со реланоста.
Бен веднаш барал од домаќинот да му ги рефундира парите, но тој одбил, па затоа решил да го контактира „Airbnb“. Од компанијата веднаш му ги рефундирале парите и исто така му платиле хотел од 14.000 денари од ноќ, бидејќи заклучиле дека контејнерот немал дозвола да биде таму.
Домот опишан како „колиба“ од страна на домаќин по име Џејкоб бил отстранет од листата на „Airbnb“, а исто така го отстраниле и од неговата локација.