Дин Сметхурст во средата на 8 мај, ја провери националната лото картичка и станал прилично возбуден откако асистентката за проверка му рекла дека не може да му ја даде таа наградата. Од продажното место му кажале дека ќе мора да го контактира Камелот, за да си ја земе наградата.
32-годишниот Дин, вработен во супермаркет, решил малку да пребарува на интернет и од официјалнит веб-сајт на лотаријата Камелот сфатил дека Камелот директно се контактира кога наградата е поголема од 57.000 евра. Човекот бил пресреќен, изјавил дека не можел да спие и едвај чекал да ја подигне наградата.
„Вработените ми аплаудираа кога го однесов ливчето и ми кажаа да го контактирам Камелот. Сакав да го водам целото семејство на Барбадос им соопштив на сите дома.“, вели Дин.
Но откако го посетил камелот му кажале дека неговата вкупна добивка изнесува цели 7 евра. Подоцна од продажното место му се извиниле бидејќи го погрешиле серискиот број на ливчето.
Дин вели дека бил скршен и разочаран и земал неколку слободни денови од работа, а мајка му му направила „утешен ручек“ кој воопшто не го утешил.