Кога сопствениците се вратиле во својот дом во Охајо, на каучот ја начекале Чејен Евинг, која седела, гледала телевизија и го галела нивното куче.

Жената провалила во домот, но сепак решила да ја „украде“ љубовта на нивниот миленик и ги „ограби“ од обврската да си ги измијат садовите.

Сопствениците повикале полиција, додека таа била во куќата, а кога полицијата пристигнала, жената веќе си заминала откако „си ги завршила обврските“. Од полицијата велат дека Чејен била под дејство на дрога и дека не спиела со денови.

Додека полицијата разговарала со сопствениците на домот каде што Чејен провалила, добиле повик од соседна куќа дека чудна жена им чука на вратата, очигледно сакала да среди уште некоја куќа. Полицајците ја уапсиле и Чејен е обвинета за провала.

Сподели на Facebook
пати видено