Неодамна, научниците објавија дека откриле нов вид диносауруси и решија на направат видео-реконструкција на неговото „секојдневие“. Овој нов вид е стар околу 163 милиони години. Овој вид се нарекува Амбоптерикс, што на латински значи „двете крила“.
Стомакот на диносаурот нè потсетува на птици кои јадат растенија, но научниците пронајдоа траги од коскени фрагменти што значи дека Амбопетерикс уживал во месо пред смртта.
Во видео кое открива дигитална реконструкција на животното, научниците го покренуваат реторичкото прашање: „Значи, каде треба да барате доколку навистина сакате да пронајдете фантастични ѕверови? Можеби во карпите под нашите нозе.“
Еден од коавторите на студијата, Џингмаи Оконор, тврди дека животното најверојатно се искачувало на дрвја како вид на верверица, која исто така можела да лета од гранка до гранка.
Еден локален земјоделец го пронашол во кинеската провинција Лјаонинг уште во 2017 година. Истражувачите најпрво сметале дека тоа би можело да биде ран вид на птица.