Шпанскиот „богатство“ што датира пред доаѓањето на Колумбо за 200 години е пронајдено во национален парк во САД. Двете монети, едната кована во Мадрид во 1660 година, а другата направена во околу 1200-тите години, биле пронајдени во рекреативната зона Глен Кантон, Јута.
Нивното присуство во пустината останува необјаснето и не се објавени информации за тоа дали биле пронајдени со други артефакти.
Шпанските истражувачи пристигнале во Мексико во 1500-тите и почнале да го истражуваат северот, иако не постои евиденција за тоа дека биле во Америка во моментот кога биле направени монетите.
Археологот Глен Хармон, од службата за национален парк, рече: “Еден посетител пешачеше во еден од кањоните тука и ги најде овие две чудни работи. Тој ги однел дома и, откако сфатил дека биле стари шпански монети, ги вратил во паркот. Врз основа на дизајнот, ние сме многу сигурни дека една од монетите – поголемата – се нарекува 16 мараведи. Експертите со кои разговаравме ги идентификуваа како ковани во Мадрид, врз основа на нивните оценки, веројатно во 1662 или 1663 година, што ја става едната монета во владеењето на Филип IV. Другата монета за која ние сѐ уште немаме потврда, изгледа како да е нешто што датира од средината до крајот на 13 век.“
Мистерија е како овие стари монети се појавија во област која не била посетена од шпанските истражувачи до 1776 година. Сепак, археолозите работат на неколку главни теории.
Можеби биле оставени од страна на раните шпански доселеници или истражувачи, кои тргувале со американски племиња, веројатно во Мексико, а потоа се изгубиле во кањонот, или некој тогаш донел навистина стара монета на континентот. Или пак тука ги оставил/изгубил некој колекционер од модерното време.
Сепак останува и најмистериозата теорија, а тоа е дека некој ја посетувал Америка 200 години пред Колумбо, случајно да стапне таму.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.