Брајан Слокум бил снимен како влегува во продавница за заложување во Сарасота, Флорида со својот седуммесечен син, и на безбедносни камери и на неговиот мобилен телефон.

Тој се доближил до продавачот, го ставил бебето пред него и му кажал: „Никој нема под 18 тука, но скоро да не е користен, има 7 месеци, колку мислите дека вреди? Само да го заложам, не сакам да се ослободам од него?“

43-годишниот татко имал намера тоа да биде шега и да го искористи видеото на Snapchat, но сопственикот на продавницата го сфатил сериозно и го пријавил во полицијата. Брајан вели дека неговиот внук му предложил да прави смешни видеа и да ги објавува на социјалните мрежи и тој решил да го направи токму тоа. Но, сепак неговата шега била сфатена сериозно.

Тој дури и му кажал на изнервираниот продавач, Ричард Џордан дека мислел како ќе добие барем 10.000 долари за бебето.

Откако го објавил видеото на социјалната мрежа Snapchat, Брајан видел дека полицијата го бара и дека издала потерница за него, а кога излегол надвор околу него имало десетина полицајци.

Тој се обидел да им ја објасни ситуацијата и им кажал дека синот му е највредно нешто на светот и дека никогаш не би го продал или заложил.

По спроведената истрага полицијата заклучила дека навистина станува збор за шега и против Брајан не биле покренати обвиненија. Сепак ниту полицијата ниту пак Ричард не сметаат дека шегата на Брајан била смешна.

Сподели на Facebook
пати видено