Солзите на мајката за своето чедо не може никој да ги надмине, а ова не е исклучок ниту во светот на животните. Оваа мајмунка во зоолошка градина во северо-западна Кина, која е стара 3 години, на 4-ти мај го родила своето прво бебе.
Сепак, за жал, мајмунчето имало здравствени проблеми и починало. Сега мајката не може да се помири со тој факт и не им дозволува на чуварите да се приближат до мртвото мајмунче. Таа постојано го гали и бакнува, држејќи го во раце. Оваа видео навистина ги крши и најсилните срца.