Дилан Шејн Веб се возел во својот Шевролет кога го стопирала полицијата. Тие забележале дека 23-годишниот маж има нешто необично на задниот дел од автомобилот. Заменик-шерифот го прашал зошто има таква налепница, а Дилан му одговорил дека „тоа се само зборови“.

Потоа шерифот исто така го прашал како родителите би им ги објасниле на малите деца кои ќе ги прочитаат, на што Дилан одговорил: „Тоа си зависи од родителот“.

Всушност на задниот дел од автомобилот имало налепница на која пишува „Јас јадам газ“ (I Eat Ass). Ваквите изрази се сметаат за навредливи и поради тоа полицаецот му пишал казна.

Заменикот тогаш побарал од г-дин Веб да отстрани една буква од зборот „газ“, така што изјавата повеќе да не биде „навредлива“. Дилан одбил да го стори тоа и затоа бил приведен во полициската станица, каде што бил обвинет за „непристоен натпис на возилото и отпор кон службеник без насилство.“

Дилан смета дека му се прекршени правата според Првиот амандман и дека досега немал проблеми со родителите и децата, туку дека самите родители ги терале децата да му го фотографираат автомобилот, а потоа сите заедно се смешкаат.

Сподели на Facebook
пати видено