Рекламирањето е клучен сегмент од продажбата, а многу често големи брендови плаќаат да бидат рекламирани во познатите серии и филмови.

Скоро и да нема американски филм без Apple. Но, овој пат, ниту било намерно рекламирањето, ниту пак производот ѝ припаѓал на компанијата која го добила „колачот“ од 2,3 милијарди долари.

Чашка за кафе која се појави во најновата епизода на Game of Thrones (Игра на тронови) генерираше околу 2,3 милијарди долари бесплатно рекламирање за „Старбакс“, а тоа не беше дури и пијалакот на компанијата. Чашката се појави во 4-тата епизода од 8-мата сезона на познатата серија и станува збор за обична хартиена чашка донесена од кетеринг фирмата која била задолжена за сетот.

Сепак обожавателите претпоставиле дека се работи за кафе од „Старбакс“ и решиле тоа да го откријат на социјалните медиуми. Главен извршен директор на маркетинг компанијата Холивуд Бренд Стјуис Џонс рече дека приближна вредност на целата дискусија изнесуваше 2,3 милијарди долари во комерцијална вредност.

„Critical mention“, кои нудат ПР услуги, избројала 10.627 спомнувања на „Старбакс“ и „Игра на тронови“ преку интернет и во телевизиски и радио емисии.

Во епизодата насловена како „The Last of the Starks“, чашата за кафе е јасно видлива на масата пред Даенерис Таргеријан, играна од Емилија Кларк, непосредно пред 17:40.

„Старбакс“, најголемиот светски синџир на кафе, со задоволство си го прифати неочекуваниот публицитет од серијата која ја следат повеќе од 30 милиони луѓе само во САД.

Сподели на Facebook
пати видено