Натали и Остин Татман, кои сега имаат 24 години израснале заедно во Флорида и велат дека биле неразделни уште во градинка.
Тие изубиле контакт откако Натали морала да се пресели во Конектикат со нејзината мајка. 12 години подоцна, кога Натали имала 17 години, го здогледала адресарот на нејзината мајка и решила да го разгледа.
Првата личност која ѝ паднала на памет да ја побара бил Остин. Девојката решила да го најде на Фејсбук иако не знаела дали тој воопшто се сеќава на неа.
Момчето сепак се сеќавало на неговата пријателка и тие размениле релефонски броеви. Подоцна сфатиле дека всушност таткото на Натали живее на 10 минути од Остин во Флорида.
Тие почнале да се гледаат и стапиле во врска. Остин студирал на Универзитетот во Флорида додека Натали студирала бизнис администрација на Универзитетот во Централна Флорида.
И така 19 години по нивното официјално запознавање, Остин ја запросил Натали и таа прифатила. Тие дури и се возеле во џип каков што имале додека биле деца и книгата за гости ја направиле во форма на адресар, како начин да го обележат моментот во кој Натали одлучила да го пронајде Остин.