Единицата за спасување на мачки во Торонто добила повик од соседите дека нивната сосетка чува голем број на мачки. Им било кажано дека можеби има над 50.

Во Торонто е дозволено сопствениците да чуваат најмногу 6 мачки. Иако и бројката 50 е огромна, како за толку мал стан, спасувачите не ја очекувале ситуацијата во која што се нашле откако влегле во станот.

Откако почнале да ги пребројуваат животните сфатиле дека во станот има над 300 мачки, од кои дел од нив биле бремени и наскоро требале да се омачат. За среќа сите животни биле изнесени од станот, прочистени, вакцинирани и спремни за да се дадат на посвојување.

Иако ваквите случаи се ретки сепак не се невообичаени бидејќи некои луѓе едноставно се опседнати да „собираат“ одредени работи, па макар и да станува збор за животни. Најверојатно против жената ќе биде покренато обвинение.

Сподели на Facebook
пати видено