На површината Мариналеда не се разликува од било кој друг град во регионот. Се наоѓа на прекрасна местоположба во долината Кампиња, опкружен со километри маслинови плантажи, брановидни зелени ридови и златни житни полиња кои се протегаат до крајот на хоризонтот. Прекрасно мирно гратче, исто како и другите градови во јужната шпанска провинција.
Невработеноста речиси не постои во андалузиското гратче Мариналеда во јужна Шпанија, коешто се опишува како утопија благодарение на добро организираното земјоделско задругарство.
Но исто така, се чини дека ова гратче е антикапиталистички настроено. Уште од кризата во 2008 Мариналеда почна да се здобива со слава. Градоначалникот Хуан Мануел Санчез Гордиљо, познат како „Шпанскиот Робин Худ“ организираше и самиот учествуваше во напад на супермаркети во директна акција на протест, полнејќи ги количките со намирници кои потоа ги раздели на сиромашните.
Гордиљо е демократски избран градоначалник уште од 1979г. и своето дејство го правдаше велејќи дека тоа не е кражба туку ненасилно откажување на послушност.
„Има толку многу семејства кои не можат да си приуштат да јадат“, вели тој. Да се случува вакво нешто во 21. век е срамота. Храната е право кое му припаѓа на секого, а не нешто со кое треба да се шпекулира.“
Во јужната шпанска провинција има 690.000 празни куќи и напуштени имоти поради банкарските хипотеки. Но, тоа не е случај во Мариналеда. Секој кој сака да си изгради своја сопствена куќа, може да го стори тоа бесплатно. Материјалите и мајсторите се обезбедуваат од страна на градското собрание. Сѐ што треба да сторат семејствата за надомест е да плаќаат 15 евра месечна кирија до крајот а нивните животи, со договор дека куќата и имотот никогаш нема да ги препродаваат на друг.
Во Андалузија невработеноста изнесува зашеметувачки 37 отсто (55 отсто помеѓу помладото население). Од друга страна, во Мариналеда со своите 2700 жители невработеноста речиси и да не постои, благодарение на исклучително добрата организираност. Работниците добиваат подеднаква месечна плата од 1400 евра. Во регион во кој секој трет е невработен, полната вработеност навистина не е за потценување.
„Мораме одново да ги осмислиме нашите вредности, потрошувачкото општество, вредноста која им ја придаваме на парите, себичноста и индивидуализмот“ вели Гордиљо. „Мариналеда е мал пример, и сакаме ова искуство да се прошири во целиот свет.“