Елизабет Стрикленд и нејзиното момче Тревис, од Ноксвил, Тенеси, решиле да изнајмат колиба во шумата во близина на Апалачките Планини за да релаксиран и романтичен викенд.
Но, наместо релаксација станале дел од страшно-комична ситуација, која покажува дека поговорката „Не за кого е печено, туку за кого е речено“ важи буквално за сите.
Кога станале рано наутро и сакале да се опуштат во џакузито пред нивната колиба слушнале необични звуци. Кога провериле ви нивното џакузи имало „гости“. Две црни мечки одлучиле да се „луксузираат“ и да го испробаат џакузито.
Елизабет вели дека иако веднаш ја заклучиле целата колиба, сепак се забавувале додека ги гледале како мечките ги испробуваат нивните „играчки“. Откако им завршила забавата на мечките Елизабет и Тревис го затвориле капакот на џакузито.
Сепак мечките решиле повторно да се вратат бидејќи очигледно им се допаднало. За жал овој пат желбата не им се исполнила бидејќи капакот бил затворен и тие морале разочарани да се вратат во шумата, или пак можеби се упатиле кон некој друг спа третман…