На само два месеци од свадбата на Џастин и Џенифер Хенкс од Јута, САД, на Џастин му бил дијагностициран рак. Младенците немале време да уживаат во брачниот живот, веста силно ги погодила, биле во очај и не знаеле што да прават.

По операцијата за отстранување на туморот, Џастин и Џенифер одлучиле дека не треба да ѝ се предадат на болеста, колку и да звучела страшно дијагнозата. Болеста веќе им одзела премногу – медениот месец и семејниот живот. Се разбира, понекогаш имале и тешки денови, кога немале сила да се борат, но тие биле решени дека ракот нема да ги спречи да создадат среќно семејство. За да ја комплетираат сликата на среќно семејство им недостасувале само деца.

Кога Џастин дознал дека Џенифер чека близнаци, тој бил воодушевен. А кога видел дека се работи за две машки, на неговата среќа ѝ немало крај. За време на бременоста на неговата сопруга, Џастин се чувствувал многу подобро и покрај операцијата и хемотерапијата, тој ѝ помагал на неговата сопруга да се подготви за овој важен настан.

Се чинело дека најлошото поминало и дека болеста се подобрува, но кога Џенифер била во седмиот месец, на Џастин одеднаш му станало уште полошо. Лекарите не верувале дека ќе може да ги види своите бебиња.

Но, спротивно на предвидувањата на лекарите, Џастин успеал да издржи до раѓањето на близнаците. Тој седел до Џенифер и ја охрабрувал со топли зборови. Кога Џастин прв пат ги зел своите синови во рацете, тоа било како вистинско чудо. Борбата продолжува.

Поуката од оваа вистинска, трогателна, животна приказна е дека човек не треба никогаш да се откажува.

Сподели на Facebook
пати видено