Тајландскиот крал Маха Вајиралонгкорн утре официјално во церемонија ќе биде крунисан за крал откако неговиот татко почина во 2016 по 70 години на престолот.
Сепак Маха одлучил на изненадување на сите да се ожени еден ден пред церемонијата и тоа со видно помлада поранешна стјуардеса. Ваков избор не е нешто ново за кралот и не е „омилен“ кај народот во Тајланд.
За Маха ова е 4-ти брак, а сите претходни биле прилично скандалозни. 66-годишниот крал првин се оженил со својата братучетка со која имал една ќерка, а подоцна од љубовницата добил 4 сина и 1 ќерка. Сепак бидејќи сопругата не сакала да се разведе од него тој си живеел заедно со љубовницата.
Откако ја тужел и се развел, се оженил со љубовницата, која била поранешна актерка, но по 2 години се развел и од неа, а своите 4 синови ги прогонил од државата.
Третиот брак му бил со келнерка, која служела во палатата. Овој брак исто така бил осуден на пропаст, а контроверзниот крал повторно стапи во брачните води со кралицата Сутхида. Тој исто така ја поставил сопругата за заменик на шефот на обезбедувањето.