27-годишниот бодибилдер, Сајад Гариби, тежок 176 килограми, кој е познат под прекарот „Ирански Хулк“ најави дека оваа година ќе го одржи своето прво деби во ММА борбите, а прв противник ќе му биде „Бразилскиот Хулк“.
Противникот, кој Сајад одби да го именува во објавата, се шпекулира дека би можел да биде 29-годишниот Ромарио дос Сантос Алвес, кој пак е познат под прекарот „Бразлски Хулк“.
Во Јануари оваа година, Сајад на својот Инстаграм профил објави дека планира да се проба во ММА, откако ги предизвика сите кои сакаат да се соочат со него во октагонот.
„Имајте храброст, па отворено повикајте ме на борба, наместо да се криете зад вашите спонзори! Спремен сум да се борам со вас, покажете ми што имате за да останете во рингот!“- напиша Сајад
Иранскиот Хулк, кој е висок 187 см, минатата недела објави дека го прифатил предизвикот од бразилски ривал, за настап кој е предвидено да се одржи пред крајот на оваа година.
„Конечно ја прифатив мојата прва професионална борба од бразилски борец, пред 2020-та година.“- јавно објави Сајад на својот Инстаграм, каде што го следат неверојатни 450.000 луѓе од се импресионирани од неговата појава и традиција да објавува снимки како вежба.
Покрај вежбањето, тој редовно ги чести фановите со топлес фотографии и објави на кои тој е фотографиран стоејќи до мали предмети т.е обични предмети, но кои во споредба со него, изгледаат безначајни.