Маж во супермаркет пред Велигден зема јајца и оди на касата:
– Господине, само јајца ли имате?!
– Не, и душа…
– – – – –
Млада невеста ѝ ѕвони на мајка си за кулинарска консултација пред Велигден:
– Мајчеее, ги бојадисав јајцата сини! Сега, колку минути да ги варам?!
– – – – –
Денес си ги облеков кинеските боксерици, сепак е ден за бојадисани јајца.
– – – – –
Две јајца се бакнуваат долго и страсно.
Едното воздивнува:
– Ех, кога ќе дојде тој Велигден, бе!
– – – – –
– Душо, се јавив да го запрат интернетот?
– Зошто?
– Па за да може да се подготвиш за Велигден – да ги тргнеш украсите, елката!
– – – – –
Подготвен сум за Велигден. Го сварив козињакот, ги испеков јајцата и го бојадисав јагнето.
– – – – –
Најпопуларната книга после Велигден е „100 рецепти за јадења од варени јајца“.
– – – – –
Мажот се враќа од работа и седнува да вечера. Жена му го прашува:
– Ти планираш ли нешто да правиш за Велигден?
– Да, планирам! Ќе бидам како Исус – ќе исчезнам во петок и ќе се вратам во недела!
– – – – –
Разговор на месинџер на Велигден:
– ХВ
– ВВ
– Купивте ли јагне за Велигден?
– Да.
– Колку кила е?
– Не знам. Женско е и не сака да се качи на вагата.
– – – – –
Сепак, најдобрата боја за јајца си останува црвилото!
– – – – –
Разговараат две жени пред Велигден:
– Јас јајцата ги бојам со четка.
– Пробав и јас, но мојот многу го скокотка.