Вилијам Вилијамсон, од Сиднеј, се заледил од страв откако на скалите од неговиот дом пронашол необично суштество кое изгледало како да е хорор филм.
Тој решил да го фотографи и да ја прикаќи фотографијата на Фејсбук за да дознае од луѓето дали и тие имаат сретнато нешто слично. Освен што некои луѓе се пошегувале на неговата сметка, тој добил и соодветен одговор.
„Ова ми личи на парче суши“ и „Мислам дека е време да ја запалиш куќата“, биде само неколку од комичните коментари. Чудното суштество е идентификувано како Величествен пајак, инаку познат како Ordgarius magnificus. И покрај неговиот чуден изглед, пајакот не е опасен за луѓето, според австралискиот музеј.
Величествени пајаци често се наоѓаат во Нов Јужен Велс и Квинсленд и можат да пораснат до 2,5 сантиметри во должина. За разлика од повеќето пајаци, тие не плетат мрежа, овие лукави суштества користат леплива свила за да го фатат својот плен.