Делегација од Германија доаѓа на посета во една македонска фабрика за гумени производи, за да преговараат за извоз на нашите производи. Ги пречекува директорот и ги води низ погоните да им ја покаже фабриката. Прво им ја покажува линијата за производство на цуцли за бебиња. Модерна технологија, посетителите воодушевени. Потоа, директорот ги води во халата каде што се произведуваат кондоми. На самиот крај од линијата, роботска рака со игла го буши секој десетти кондом! Германците го забележуваат тоа и го прашуваат директорот:
– Дали вие намерно го бушите секој десетти кондом?
– Да, – одговара директорот.
– Но, тоа не е добро за бизнисот со кондоми!
– Па да, не е добро, но одлично е за бизнисот со цуцли!