Пасторот на евангелска лутеранска црква Виза Вилијам верува дека „црквата“ не мора да остане во сопствените ѕидови. Затоа 33-годишниот пастор одлучи да почне да врши служба во еден локален бар.
„Иако црквата е отворена секој ден од 07:00 до 21:00 часот, црквената сала најверојатно не е местото каде што луѓето сакаат да седат и да дебатираат, таа е премногу голема и во неа сите се придржуваат до одредени стандарди на однесување“, објасни пасторот Вилијам.
Повеќе од 50 луѓе дошле на првиот состанок во барот.
„Нашите вечери започнуваат со диџеј, после што следат воведните зборови, а потоа се дискутира за верата. И бидејќи сме во бар, си важат вообичаените правила за купување пијалоци“, додава пасторот.
Според него, разговорите во опуштената атмосфера на барот им дозволуваат на верниците да бидат поотворени и слободно да разговараат за нивните проблеми.