Детективскиот оддел за кривични истраги на полицијата во Вашингтон го објавија ова видео и побараа помош од јавноста, да се идентификува и лоцира осомничениот кој успеа среде бел ден, да ограби банка само со едно парче хартија. Грабежот се случил на 8 април 2019 година во 15:06 часот. На снимката се гледа целата акција.
Осомничениот влезе во банката, си почека ред, се доближи до шалтерот и му подаде едно ливче на вработениот, со кое побарал да му ги даде сите пари. Точната содржина на ливчето полицијата не ја објави, но очигледно имало и некоја закана по живот. Осомничениот потоа избегал од местото на настанот.