Архитект Греам Хил покажа дека и во многу мал стан може да се живее комотно, ако ефективно го организирате својот простор. Неговиот најнов проект е стан од само 33 квадратни метри во њујоршкиот округ Сохо. Тој користи мебел на расклопување, со повеќе намени за да го постигне саканиот резултат.
Главната функција на првата од собите е спалната соба. Во текот на денот, креветот се вовлекува во ѕидот, а празниот простор може да се користи веднаш за неколку намени. Со помош на неколку столови, дневната соба е наместена за релаксација, а трансформирачката маса ви овозможува брзо да ја претворите во трпезарија за десетина луѓе.
Втората мала соба е канцеларија, но доколку е потребно, може да се користи и како втора спална соба. За правење на дополнителни кревети се користат истите столови од првата соба. Покрај тоа, станот има кујна и бања. Според авторот на проектот, во станот тој успеал да смести работи кои бараат двојно поголема површина.