Ако мислевте дека Илон Маск само си го шета мозокот, кога пишувавме за ова во 2016 година (клик тука), сте се излажале. До сега сѐ што ветил човекот и остварил.
Како што објасни Илон Маск пред 3 години, идејата е следна:
Целосно автономните автомобили ќе можат да се регистрираат како еден вид напредна такси служба на Тесла. Кога не го употребувате, вашиот автомобил со помош на апликација ќе може да го повика било кој, по што тој самиот ќе си излезе од гаражата и ќе појде до клиентот, ќе го превезе на посакуваното одредиште и ќе се врати во гаражата. Кога ќе ја заврши работата, вашата сметка ќе биде побогата за определен износ, без воопшто да сте мрднале со прст.