Електричниот автомобил Tesla Model S наеднаш се запалил во подземниот паркинг на еден од трговските центри во Шангај. Ова е видеото од камерата за видео надзор, а снимката јасно покажува како чадот одеднаш почнува да се појавува од под автомобилот. За среќа нема повредени луѓе, а неколкуте автомобили што беа околу целосно изгореа.
Од компанијата Тесла веднаш излегоа со соопштение дека нивни експерти веќе отишле на местото на несреќата, за да дознаат што го предизвикало пожарот.