Емили има 31 година, а последните 8 години е посветена на својата професија, летањето како ко-пилот. Девојката прави по 12 до 16 летови неделно и навистина си ја сака нејзината работа, затоа што отсекогаш сакала да патува и да открива нови места.
„Чувството на летање е непроценливо. Ти се чини дека сите твои проблеми и грижи стануваат незначителни. За мене ова е чувството на слобода“, вели Емили Кристин.
Во текот на овие 8 години, таа посетила многу делови на планетата – од суровиот Исланд, до жешките Бахами.
Благодарение на работата и на своето хоби, таа стана популарна на Интернет. Таа сака да ги инспирира и другите девојки „да се искачат на небото“.
„Што се однесува до девојките и секој што се обидува да влезе во оваа професија – едноставно не се откажувај!“ – Вели девојката пилот.