Целиот свет е во шок откако Володимир Зеленски, комичар по професија победи на изборите во Украина. Какви теории на заговор кружат околу овој човек? Зеленски во вториот круг освои 73,2 отсто од гласовите, а актуелниот претседател Петро Порошенко 25,3 отсто.

Но, иако победата му е прилично убедлива и очигледно е дека ги освоил симпатиите на народот треба да дознаеме кој всушност е Володимир и како всушност од комичар стана првиот човек на Украина?

Евреин со диплома од правниот факултет!

Зеленски е роден на 25 јануари 1978 година во Кривиј Рих, Украина, од родители Евреи. Неговиот татко, Александар Зеленски, бил професор кој раководек со академски оддел за кибернетика и компјутерски хардвер на Институтот за економија на Кривиј Рих, а неговата мајка, Рима Зеленска, работела како инженер. Пред да се запише во гимназијата тој живеел четири години во Монголија, во градот Ерденет, каде што работел неговиот татко.

Зеленски студирал право на Националниот економски Универзитет во Киев во својот роден град, но никогаш не работел професионално во правната област.

Комичар од своите тинејџерски години

Уште на 17-годишна возраст тој се приклучил на локалниот тим КВН (натпревар за комичари), од каде што постојано напредувал и добивал награди и признанија.

Тој глумел претседател

Во 2015 година започнало емитувањето на телевизиската серија „Слуга на народот“, каде што Зеленски се здобил со вистинска слава.Тој таму толкувал улога на професор кој случајно ќе стане претседател, откако на социјалните мрежи ќе објави експлозивен говор за украинската политика. За некое чудо, неогата „улога“ се преточи во реалниот живот.

Негов филм бил забранет во Украина

Во август 2014 година, Зеленски зборуваше против намерата на украинското Министерство за култура да ги забрани руските уметници од Украина. Од 2015 година, Украина им забрани на руските уметници и други руски дела од културата да влезат во Украина. Во 2018 година, романтичната комедија Љубов во големиот град 2 со Зеленски беше забранета во Украина.

Немал „класична“ политичка кампања

Володимир Зеленски немал стандардна кампања со митинзи и патетични реклами по теливизиите. Тој фактот дека воопшто нема познавања од политиката го претставил како своја позитивна страна и смета дека доколку нема ветувања, нема разочарувања. Тој не сакал да се рекламира преку масовните медиуми и велел дека не се крие од медиумите туку дека не сака да наликува на „старата власт“.

Вистински човек од народот или одлично испланирани, наместени избори?

Володимир го поврзуваат со олигархот Игор Коломоски (втор најбогат човек во Украина) , кој исто така е Евреин и е сопственик на најпопуларната телевизија во Украина „1+1“, на која што се прикажувале сериите на Володимир. Со оглед на тоа дека Коломоски е во егзил и сега живее во Израел, затоа што против него се водат голем број на истраги, некои веруваат дека преку Володимир тој ќе може да управува со државата.

Што мислите вие, дали Украинците конечно изгубија надеж во политиката и за претседател поставија комичар, или пак ова е само еден добар начин да се постигнат поголемите цели на моќниците?

Сподели на Facebook
пати видено