Зборот „бонтон“ се чини дека е многу старомоден. Повеќето од нас најверојатно мислат дека исчезна во заборав, заедно со кавалерите, кои пред жените ги симнуваа своите шапки, но, всушност, сè уште постои.
Работата е во тоа што правилата се сменија, но сепак треба да ги следиме за да не се чувствуваме непријатно, во незгодна ситуација.
12. Јавни тоалети
- Не се обидувајте да ја отворите вратата од тоалетот, без да тропнете, доколку е затворена, можеби има некој внатре и ќе се доведете во непријатна ситуација.
- Мажите треба да одржуваат растојание помеѓу писоарите, доколку е можно.
- Ако ја поправате шминката не застанувајте пред огледалото до апаратот за сушење на раце.
11. Држете ја чашата правилно.
Може да звучи изненадувачки, но чаша чај и чаша кафе треба да се одржат поинаку, како на фотографијата.
10. Ако треба да го издувате носот
Носот треба да го издувате носот тивко и брзо за другите да не го забележат тоа. Вистинските дами и господа не користат хартиени марамчиња, тие претпочитаат марамчиња направени од ткаенини. Се разбира, тоа не е добра одлука кога станува збор за хигиената, но во овој случај, треба да ги почитувате сите правила на бонтон.
9. Ако храна е заглавена во забите
Забрането е да се користи чепкалка за заби на масата. Ако сфатите дека храната е заглавена во забите, обидете се да ја исплакнете устата (и бидете сигурни дека никој не го забележува тоа). Не ви успева? Одете во тоалетот.
8. Ако некој има откопчан патент
Доколку забележите дека патентот ви е откопчан одете во тоалет и закопчајте го, а доколку сте на јавно место свртете се за никој да не забележи. Доколку забележите дека на друга личност ѝ е откопчан патентот треба да ја информирате, но не го правете тоа гласно.
7. Ако вашиот колега/колешка мириса лошо
Побарајте од вашиот колега да поразговарате насамо и посочете му дека разговорот ќе биде непријатен. Потоа дел по дел раскажете му го проблемот, само откако тој ќе пријати да ве сослуша без да ве прекинува.
6. Ако храната е премногу жешка
Ако одеднаш сфатите дека вашата храна е премногу жешка не ја плукајте во слафетката. Испијте малку вода или друг пријалок. Исто така не треба да дувате во жешката храна, треба да почекате да се излади.
5. Вашиот шеф посветува премногу внимание на вас
И мажите и жените страдаат од сексуално вознемирување на работа. Ако се соочите со овој проблем, немојте да молчите и не плашете се. Понекогаш е тешко да се идентификува вознемирувањето. Еве еден пример:
„Изгледаш одлично во тој фустан!“- е комплимент.
„Твојот задник изгледа одлично во тој фустан!“ – е несоодветно однесување.
4. Ако сакате да направите селфи
Доколку сакате да правите селфи со ваш пријател или пријателка првин прашајте ги и дозволете им да се подготват. Не правете селфи во тоалетот, на небезбедни места или пак на место на несреќи.
3. Треба да ја поделите сметката со вашите пријатели, и тие се јаде повеќе од вас
Иако не е фер некој да плати оброк кој не го изел не е убаво тоа да им го кажете директно на пријателите, пресметајте ја сумата која навистина треба да ја платите и додајте малку пари за да ја заокружите. Но, доколку постојано поминувате време со истите пријатели треба некогаш да поразговарате со нив дека треба сметката да се подели еднакво.
2. Да ја приметите разликата помеѓу бремена жена и жена со прекумерна тежина
- Во најголем дел, бремените жени не носат високи потпетици и нивните глуждови се обично надуени.
- Размислете за нивното држење. Ако жената го држи долниот дел од грбот или ја пренесува својата тежина од едната нога на друга, таа е веројатно бремена, и подобро е да ѝ понудите место.
- Ако сѐ уште не сте сигурни, препорачливо е да станете тивко, така што жената може да одлучи дали сака да седи или не.
1. Ако ви се скинат пантолоните
Корисниците на интернет даваат разни совети: захавтајте ја од внатре, покријте ја дупката со џемпер, завиткајте го околу половината или повикајте некого и побарајте помош.