Оливер Џордан е 21-годишен Американец кому му дошло преку глава од сѐ и сакал да им стави крај на своите маки, но наместо крај, тоа испаднало сосема нов почеток. Погледнете ја сметката од 93.000 долари за болничкиот третман која му стигнала откако докторите му го спасиле животот, после обидот за самоубиство.
Олеснителна околност е што Оливер има здравствено осигурување и ќе мора да плати само 2.850 долари, но сепак и тоа не е малку.
Ако некој живеел во Америка, можеби ќе може на нас останатите да ни објасни барем една работа од сметката. Какви се тие 29.000 долари за лабораториски трошоци? Опремија ли посебна лабораторија за да ја испитаат само неговата крв?
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!