Полицискиот службеник Роџер Џемјус го стопирал возачот Ка’Шон Балдвин во Кахокија, Илиноис,затоа што возел со со истечени таблички. Но, освен тоа возачот му кажал дека и не поседува возачка дозвола, но дека морал да го вози позајмениот автомобил, затоа што од тоа му зависи егзистенцијата.
Ка’Шон му рекол на полицаецот дека очајно му е потребна работа и дека немал друг избор и затоа морал да оди на интервју за работа со позајмениот автомобил. Полицаецот Роџер се сожалил на младото момче и решил да не му пише казна.
Сепак не можел да му дозволи да вози, па решил тој да го однесе на интервјуто за работа. И ова навистина бил среќен ден за Ка’Шон бидејќи добил работа во објект на FedEx, каде што бил ангажиран како ракувач со пакети.
Ова било второ работно место за момчето кое се надева дека сега ќе може да си добие дозвола и да си купи автомобил. Градоначалникот на градот исто така јавно му се заблагодарил на полицаецот за неговото добро дело.