Мажот се враќа еден ден порано од службено патување. Влегува во неговата спална соба и што да види. Некаков тип се качил врз жена му и работи. На жена му ѝ се гледаат само нозете од страните и таа не го забележува. Мажот збеснал. Отишол во кујната. Тој го фати првиот стол пред него. Му ја скршил едната ногарка. Се вратил во спалната и му ја набил во задникот на швалерот. Се слушнал страшен врисок, а сопругот излегол од станот тресејќи се, седнал на скалите и запалил цигара да се смири, да не направи поголема глупост. Во тоа време гледа, жена му се качува по скалите со два најлони во рацете и му вели:
– Еј душо, се врати порано а. Јас бев до продавница, да купам нешто за гостите. Дојдоа сестра ти и зет ти.