Дружба на повеќе видови на животни најчесто сретнуваме само во басните, но не мора секогаш да биде така. Лори Вулф од Флорида не очекувала дека ќе налета на интересна приказна во нејзиниот двор.
Таа забележала дека бувот кој живеел во нивниот двор постојано лежел на јајце и таа секој ден очекувала да излезе мало бувче, за да може да го фотографира.
Еден ден забележала дека до бувот има малечко и со возбуда тргнала да го фотографира малото „бувче“, но кога се доближила сфатила дека не станува збор за таква птица. Всушност до бувот имало мало патче. Лори не можела да им поверува на своите очи и решила да се обрати кај ветеринар за да и каже како да се справи со ситуацијата.
Ветеринарот ѝ кажал дека бувот најверојатно по грешка или пак намерно земал туѓо јајце и малото патче го прифатил како свое. Сепак тој ја советувал да го отстрани патчето бидејќи постоело ризик бувот да се сврти против него и да го убие.
Откако го симнала патчето од дрвото, тоа се упатило кон блиското езерце и оттогаш Лори го нема видено.