Кој не сака да „изгори“ некој со добар одговор? Не зборуваме за сериозен разговор, туку за умна и духовита размена на (понекогаш) хумористично мислење.

Ние составивме листа од најдобрите, духовити и смешни коментари и навреди кажани од позанти личности низ историјата.

Илка Чејс

Американската актерка Илка освен со глума се занимавала и со пишување на романи. Кога една анонимна актерка ѝ рекла на Илка: „Уживав додека ја читав твојата книга. Кој ја напиша за тебе?“ Чејс брзо одговорила: „Драга, многу ми е мило што ти се допадна. А кој ти ја прочита?“

Една Фербер на Ноел Каурд

Една, американска писателка, сакала да носи машки костими уште пред да бидат модерни за жените. Ноел (англиски драмски автор, композитор, режисер, актер и пејач) забележал дека носи костим и прокоментирал: „Изгледаш скоро како маж“, на што Една му одговорила: „И ти исто“

Моцард

Се вервува дека Моцард имал многу добра смисла за хумор и има неколку примери за кои се верува дека тој ги кажал, една ваква брутална шега е и оваа:

Обожавател: Господин Моцарт, размислувам да пишувам симфонии. Можете ли да ми дадете какви било предлози за тоа како да почнам?

Моцарт: Симфонијата е многу сложена музичка форма. Можеби треба да започнете со нешто поедноставно па да одите кон симфонија.

Обожавател: Но, Вие сте пишувале симфонии кога сте имале само 8 години.

Моцарт: Да, но јас никогаш не прашав некој, како.

Винстон Черчил на член на парламентот

Черчил е најверојатно најпознатиот политичар со остар јазик. Пратеник: „Г-не Черчил зарем мора да спиете додека јас зборувам?“… На што Черчил одговорил: „Не, тоа е чисто доброволно.“

Махатма Ганди

„Што мислите за западната цивилизација?“…. Ганди: „Мислам дека тоа би била добра идеја…“

Дороти Паркер

Дороти Паркер беше американска писателка познат по својата брза духовитост. Откако еден пијан човек коментирал „Не можам да носам будали“, Паркер одговорила: „Очигледно мајка ти можела“

Џон Вилкс на Џон Монтагу

Џон Вилкс (десно) беше британски радикал, новинар и политичар кој започна како пратеник. Монтагу, од друга страна, бил британски државник кој го наследил дедото Едвард Монтагу на десетгодишна возраст. Нивниот разговор влегол во историјата:

Монтагу: Господине, не знам дали ќе умреш на бесилка или од сипаници.

Вилкс: Тоа ќе зависи, господару мој, од тоа дали ги прегрнам твоите начела или твојата љубовница.

Роберт Суркуф на британски офицер за заробеници

Роберт Суркуф бил француски приватен работник кој собрал големо богатство како сопственик на брод, од приватниот сектор и трговијата.

Кога британскиот офицер во заробеништво го предизвикал Суркуф со зборовите: „Вие Французите се борите за пари додека ние се бориме за чест“, Суркуф одговорил: „Секој од нас се бори за она што му недостасува најмногу“.

Винстон Черчил на Џорџ Бернард Шо

Џорџ Бернард Шо бил легендарниот ирски писател кој бил во добри односи со британскиот политичар Винстон Черчил.

Еднаш, двајцата разменувале писма и Шо му понудил на Черчил да дојде и да ја види неговата претстава “Пловни милијарди”:

Шо: „Резервирав два билета за првата вечер. Земете и пријател, ако имате некој.

Черчил: „За жал невозможно е да дојдам на првата вечер. Ќе дојдам на вората, ако имате втора.“

Едвард Еверет Хејл

Едвард Еверет Хејл бил американски автор, историчар и министер за унитарност. Човекот имал длабок интерес во движењето против ропството, како и образованието.

Еднаш, на прашањето дали се молел за американските сенатори, Хејл  одговорил: „Не. Ги гледам сенаторите и се молам за земјата“.

 

Сподели на Facebook
пати видено