Овој мамурен Шкот бил разбуден збунет пар кој сакал да знае што прави тој во нивната куќа, на нивниот кревет. Во видеото тој објаснува како се разбудил и „чуден“ пар почнал да го прашува кој е и што прави тука, а тој им рекол дека минатата вечер бил тука на забавата.

Сепак очигледно човекот бил премногу пијан за да отиде на забавата, поточно ја погрешил куќата каде што била забавата. Човекот продолжува да објаснува дека за негова среќа парот од Глазгов ја видел смешната страна на приказната и му понудиле чај и цигара за да му помогнат со мамурлакот.

Тој вели: „Земав такси вчера. Таксито замина и јас влегов во погрешна куќа. Влегов, се покрив и легнав да спијам. Наместо да се вратам на забавата отидов во куќата во соседството.“

Мажот низ смеа објаснува дека неговите нови домаќини пронашле остатоци од оброк што тој го направил во текот на ноќта и вели: „Мора да сум си направил нудлс.“

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено