Близнаците носат двојна среќа на своите родители, но и двојна главоболка. Еден пар идентични сестри близначки биле забележани како се „тепаат“ додека тие сè уште биле во утробата на нивната мајка.

Видеото го снимил нивниот татко, кој исто така присуствувал на интересниот чин додека ја придружувал нивната мајка на ултразвук, во Кина.

Таткото на близначките, 28-годишниот Тао вели дека му било забовно да ги гледа ќерките како „боксуваат неколку рунди“. Г-динот Тао рекол дека не очекувал неговите девојки да бидат интернет-ѕвезди уште пред да се родат. Непослушните девојки се родени здрави и добиле прекари Цреша и Јагода- по омилените овошја на нивната мајка.

Според таткото, неговите ќерки ја делеле истата амнионска вреќа како и плацентата на неговата сопруга. Познати како монохорионски моноамниотични близнаци или Мо-Мо близнаци, ова е една од најризичните бремености со близнаци. Има само 50 проценти шанса дека бебињата да преживеат по 26-тата недела од бременоста.

Најголем ризик кај оваа бременост е дека папочните врвци – кои се одвоени – ќе се заплеткаат и што ќе резултира со оштетен проток на крв кај едно или двете бебиња. Мо-Мо близнаци се ретки и се јавуваат кај приближно 1 од 35.000 до 1 во 60.000 бремености.

За среќа, “Цреша” и “Јагода” се родени здрави на 8 април, во 32 недела преку царски рез. Постарата родена во 2:51 часот, тежи 1,950 грама, а помалата е родена една минута подоцна со тежина од 1.620 грама.

Сподели на Facebook
пати видено