Инженерот Џек Олдројд се шокирал откако по 8-часовна смена се вратил дома и открил дека неговта влезна врата е покриена со лигава жолта маса.

Кога се доближил сфатил дека станува збор за јајца. 23-годишниот Џек, веднаш влегол дома и седнал пред комјутерот за да ги провери надзорните камери.

На камерите забележл две момчиња и бидејќи јајцата сѐ уште биле свежи упорниот Џек си помислил дека не избегале далеку и решил да ги најде. Тој се возел со автомобилот околу 2 километри и ги стигнал малите палавковци. Тој решил да ги натера тие да му ја исчистат вратата.

„Не сакав да ја исчистам вратата, сакав тие да го направат тоа. Кога ме видоа беа поцрвенети во лицето, беа свесни кој сум и што направиле. Само се извинија и рекоа дека нема да го направат тоа повторно. Им реков: ‘Знам дека нема, ќе дојдете и ќе го исчистите’“, вели Џек.

Тој не очекувал дека ќе дојдат кај него откако разговарал со нив. Но момчињата тропнале на неговата врата повторно се извиниле и тој им дал средства за да ја исчистат вратата. Очигледно си ја научиле лекцијата.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено