Проблемот е добро познат и во нашите училишта а има 2 аспекти.
Едниот е тој што има наставници и во денешно време, кои знаат да го наметнат својот авторитет кај децата и никој не смее да им мрдне на час, што би рекло дека и наставничката е виновна во случајов.
Вториот аспект е што, како во случајов, во денешно време, скриени зад правата на учениците, има многу разгалени деца, кои мислат дека се центарот на светот. За секоја нивна постапка, колку и да била лоша, наместо казна тие добиваат поддршка од родителите. На родителите на овие две ученички на пример, не им било доволно што учителката е суспендирана и ќе биде отпуштена од работа, туку поднеле и тужба против неа.

Родителите треба да размислат каква порака им испраќаат на своите деца со своите постапки. Што ќе мислат двете девојки после целото ова? Ќе си го поправат ли однесувањето?

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено