13-годишниот Рејмарк Кавесирано нема време да игра со своите врсници, затоа што после училиште тој мора напорно да работи за неговото семејство да има што да јаде. Ученикот работи од 10 годишна возраст. Речиси секој ден седи на импровизиран сплав, направен од стиропор и им помага на рибарите да ги исчистат мрежите од ѓубре. Наместо да му платат, тие му дозволуваат да си ги земе за себе остатоците од харинга што ќе ги отплетка од мрежите. Откако ќе помине неколку часа собирајќи остатоци од риби, тој се враќа на копно, каде што дел од уловот им го дава на родителите, а вишок им го продава на своите соседи. Дневно тој заработува по 100-150 денари, што му се доволни за потребите на училиште.

На Филипините има 5 милиони деца на возраст од 5 до 17 години, кои работат во опасни услови. Околу 22 милиони луѓе во оваа земја, односно една петтина од населението, живее под линијата на сиромаштија.

 

Сподели на Facebook
пати видено