Кога Г-дин Кук станал директор на средното училиште Вест Сајд во Њу Џерси, САД, бил загрижен поради растечкиот проблем на малтретирање во училиштето, со што учениците не сакале да доаѓаат на часови со цел да го избегнат.
Проблемот бил толку голем што 85% од учениците во изминатата година бегале од часовите. Директорот дознал дека многу од младите во средното училиште не можеле да си ги исперат уноформите и затоа останувале дома, за да не одат валкани на училиште и да бидат исмејувани од нивните врсници.
Насилниците ги фотографирале децата во валканите униформи и ги објавувале на социјалните мрежи. Минатата година се случил инцидент каде што човек од училишното обезбедување сакал да ја провери чантата на една ученичка но таа почнала да вреска.
Подоцна заклучиле дека во чантата била нејзината валкана облека, бидејќи останала бездомник, а не сакала да каже никому. Директорот Акбар Кук бил решен да се справи со овој проблем.
Тој аплицирал за грант од 20.000 американски долари и земал пет машини за перење и пет сушари – од Фондацијата MCJ Amelior. Училиштето било обезбедено со потребните средства и една од соблекувалните била претворена во пералница каде што децата можеле да влезат и да ја исперат облеката.
Но, иницијативата не завршила таму – додека учениците чекале за перење, во соседната соба наречена Makerspace, наставникот назначен пред и по училиште работи со ученици на STEM (наука, технологија, инженерство и математика) проекти и ги истражуваат нивните академски интереси.
Неговиот прокет веднаш покажал резултати и присуството на учениците во училиштето се зголемило. Нареден сериозен проблем кој овој надежен директор се обидува да го реши е големата криминална активност кај младите ученици. Тој креира програми кои планира да ги реализира и да ги оттргне децата од улица.